Од Министерството за одбрана информираат дека лицето со иницијали А.М. од скопското село Батинци, кое било нивен припадник е загинато за време на трагичен настан.
Дежурен јавен обвинител извршил увид на местото на настанот во Батинци каде денеска се случил трагичен инцидент.
Агим Мухареми, припадник на Армијата на Република Северна Македонија, кој денеска беше убиен во Батинци, не бил на работно место во моментот на инцидентот, бидејќи користел слободен ден.
Во Градската општа болница денеска околу 10:00 часот бил донесен 50-годишен маж со прострелни рани во пределот на градниот кош, без знаци на живот, информираат од МВР во врска со пукањето што се случи утрово во селото Батинци, скопско.Денеска (11.07.2025) околу 10:15 часот во СВР Скопје , М.Е. пријавил дека на влезот на с.Батинци, скопско, М.Џ. пукал со огнено оружје кон патничко возило „Киа“ кое било во движење.