АРМ ја информира јавноста дека лицето со иницијали А.М. од скопското село Батинци, кое по трагичниот настан денеска им подлегнал на повредите, беше припадник на Армијата.
МИААрмијата на Република Северна Македонија ја потврди веста за убиството на нејзин припадник во скопско Батинци и изрази сочувство до неговоро семејство.
Во Градската општа болница денеска околу 10:00 часот бил донесен 50-годишен маж со прострелни рани во пределот на градниот кош, без знаци на живот, информираат од МВР во врска со пукањето што се случи утрово во селото Батинци, скопско.Денеска (11.07.2025) околу 10:15 часот во СВР Скопје , М.Е. пријавил дека на влезот на с.Батинци, скопско, М.Џ. пукал со огнено оружје кон патничко возило „Киа“ кое било во движење.
Педесетгодишен припадник на Армијата со иницијали А.М. од скопското село Батинци е убиен утринава, откако во него било пукано со огнено оружје додека управувал автомобил „Киа“ на влезот во селото.