Можеби едни ја доживеаjа како природно чествување на 150-годишнината од објавата на Тријазичникот (еден од првите пишани материјали што ја докажува јасната посебност на македонскиот јазик), други како спектакуларен мултимедијален настан што ги спојува вештачката интелигенција и човечката креативност, но по средувањето на импресиите од изведбата на монодрамата „Ја, Ѓорѓија Пулески – роден су од камен“ излегува дека таа претставува нешто многу повеќе и нешто што дури ниту авторот Миле Бошњаковски ниту режисерот Бојан Трифуновски не можеа да го предвидат, а тоа е ефектот што го предизвика изведбата под отворено небо кај публиката, која конечно дочека Пулески да се „реинкарнира“ во неговото родно место преку актерот Рубенс Муратовски.
Поради исклучителен интерес за монодрамата, „Ја Ѓорѓија Пулески, роден су од камен“ која доцна синоќа беше премиерно изведена во Галичник, ја информираме македонската јавност дека денеска, сабота 12 јули со почеток во 21:30 часот ќе се изведе првата реприза.