На официјална средба со новинарите во 2015 година, на стартот на подготовките на ракометарите на Пелистер од Битола главната вест беше одлуката младинскиот репрезентативец на Македонија, Стефан Дрогришки да го продолжи договорот со клубот, а управата му ја даде довербата тој да биде капитен на тимот, а со тоа да биде најмлад капитен во историјата на Пелистер, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.-Дрогришки тогаш потпиша дека следните две сезони ќе го носи дресот на Пелистер со многу подобри услови од досегашните и со капитенската лента на раката, што уште еднаш покажува колку веруваме во него, беше речено на прес-конференцијата на Управата. Bitolanews