Пожарот во дојранското село Николиќ е ставен под контрола, но четири други пожари и натаму се активни и со сериозен потенцијал за ширење, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според најновите податоци, активни се пожарите кај велешките села Џидимирци, Крушје и Иванковци, како и на поширокиот потег меѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина во општина Македонски Брод.
Вкупно 20 пожари на отворен простор се евидентирани до 18:00 часот.