Партијата Левица наведува дека фирмата на пријател на градоначалникот на Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стефковски, добила тендери во вредност од 3,6 милиони денари за студентскиот дом „Скопје“, 4,4 милиони денари за домот „Томе Стефановски – Сениќ“ и околу 1 милион за училиштето „Кирил и Методиј“ во Стајковци. Партијата Левица го обвини градоначалникот на Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стефковски, дека наместо да ги решава основните проблеми на граѓаните, насочувал јавни средства кон фирма на свој близок пријател преку тендери вредни над 9 милиони денари.
Во општина каде улиците се распаѓаат, каде секоја поголема дождовна капка претвора цели маала во мочуриште, каде десетици семејства и денес немаат канализација и неретко се оставени без вода, каде децата растат во нечовечки услови – градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски од ДПМНЕ, ги сврте очите на другата страна. Тој не ја гледа мизеријата во општината, затоа што е зафатен со грижа за тоа како јавните пари да ги насочи кон фирмата на својот најблизок пријател, пишува во објавата на Левица – Гази Баба.
Партијата ВЛЕН остро реагираше по објавувањето на извештајот на Државниот завод за ревизија за 2023 година, оценувајќи го како „директна обвинителна акта“ против ДУИ и поранешниот министер за образование Јетон Шаќири. Според ВЛЕН, извештајот јасно го открива коруптивното и криминално однесување во Министерството за образование.
Од: А1он Извештајот на Државниот завод за ревизија за 2023 година е директно ‘обвинение’против ДУИ и поранешниот министер за образование Јетон Шаќири. Овој извештај јасно го разоткрива нивото на корупција, некомпетентност и криминална неодговорност што владееше во Министерството за образование под раководство на ДУИ, велат од Влен.
Општина Центар и оваа учебна година ангажира лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби во рамки на проектот „Образование за сите”. Право на пријавување на јавниот повик имаат лица со завршено средно образование, а предност ќе имаат кандидати со високо образование од областа на наставата, психологијата, педагогијата, дефектологијата и социјалната работа, како и оние со претходно искуство во работа со деца со попреченост.
Општина Центар и оваа учебна година ангажира лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби во рамки на проектот „Образование за сите“. Право на пријавување на јавниот повик имаат лица со завршено средно образование, а предност ќе имаат кандидати со високо образование од областа на наставата, психологијата, педагогијата, дефектологијата и социјалната работа, како и оние со претходно искуство во работа со деца со попреченост.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ја поздрави судската одлука со која Сулејман Љамалари доби 2-годишна затворска казна за нападот врз неа во општина Чаир. Арсовска порача дека ова е системска победа за жртвите на насилство, за секоја жена и мајка, за напад кој претставуваше и атак врз институцијата градоначалник.
Од: А1он Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, пресудата на Основниот кривичен суд во Скопје со која Сулејман Љамалари е осуден на две години затвор за грубо насилство врз неа ја оцени како „системска победа за жртвите на насилство“. Ова е системска победа за жртвите на насилство, за секоја жена и мајка, за напад кој претставуваше и атак врз институцијата градоначалник.
Поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски соопшти дека вчера од страна на премиерот Христијан Мицкоски и од актуелниот директор на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски беа изнесени сериозни обвинувања за наводна злоупотреба на државни ресурси за прислушкување на поранешниот лидер на опозицијата (сега премиер), бизнисмени и новинари од страна на АНБ и Агенцијата за разузнавање. Со оглед на тоа што во претходен брифинг за медиуми во АНБ бил споменат периодот од 2019 до 2024 година во дел од кој и јас ја извршував должноста директор на АНБ, одговорно тврдам дека тој како лидер на тогашна опозициона партија во периодот од 2019 -2022 година не бил предмет на посебен оперативен интерес на Агенцијата, не бил предмет на организирана оперативна работа, а со тоа ниту таргет кон кого биле применувани било какви оперативно-технички мерки.
„Во текот на вчерашниот ден од страна на премиерот и од актуелниот директор на Агенцијата за национална безбедност беа изнесени сериозни обвинувања за наводна злоупотреба на државни ресурси за прислушкување на поранешниот лидер на опозицијата (сега премиер), бизнисмени и новинари од страна на АНБ и Агенцијата за разузнавање“ пишува на Фејсбук, Виктор Димовски, поранешен директор на АНБ – Агенција за национална безбедност. Тој вели „со оглед на тоа што во претходен брифинг за медиуми во АНБ бил споменат периодот од 2019 до 2024 година во дел од кој и јас ја извршував должноста директор на АНБ, одговорно тврдам дека тој како лидер на тогашна опозициона партија во периодот од 2019 -2022 година не бил предмет на посебен оперативен интерес на Агенцијата, не бил предмет на организирана оперативна работа, а со тоа ниту таргет кон кого биле применувани било какви оперативно-технички мерки“.
Не е можно да се промени договорениот европски консензус или која било од неговите компоненти. Бугарија очекува Република Северна Македонија (РСМ) да ги исполни своите обврски со добра намера, како што самиот Европски совет (ЕУ) постојано инсистира.
Бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев во писмо до своите колеги од земјите-членки на Европската Унија ја изразил загриженоста на Бугарија за континуираниот неуспех на Република Северна Македонија да ги исполни своите обврски кон Европската унија“. Во писмото, како што објави БГНЕС, Георгиев ги информирал за најновите обиди на Македонија да компромитира важни елементи од европскиот консензус“.
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, посочи дека европскиот пат на земјите од Западен Балкан е неразделив дел од безбедноста на континентот, а верноста кон Копенхашките критериуми останува најсилната гаранција дека тој пат ќе се движи во вистинската насока. Северна Македонија е целосно посветена на примената на Копенхашките критериуми, кои мора да останат водилка на процесот на проширување на ЕУ, изјави денеска во Копенхаген министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, во обраќањето на неформалниот состанок на министрите за европски прашања на земјите членки на ЕУ и на државите кандидати за членство.
Орхан Муртезани / Фото: „Слободен печат“ / Слободан Ѓуриќ ВИДЕО | Муртезани: ЕУ е позаинтересирана за прием на нови членки по војната во Украина Весна Дрвошански Пред 6 секунди Сметам дека до 2030 година сите земји кандидатки од Западен Балкан можат да бидат членки на ЕУ“, рече Муратезани. Mинистерот за европски прашања Орхан Муртезани вели дека Европската унија е позаинтересирана за прием на нови членки особено од почетокот на руската инвазаија врз Украина.
Српскиот претседател Александар Вучиќ за првпат навести што би можел да работи кога ќе ја напушти власта, пренесува „Нова.рс“. „Кога наскоро ќе ја напуштам власта, а кога мојата ќерка ќе се врати од магистерските студии, таа се занимава со статистика – ако отвори своја компанија, ќе работам за неа“, рече Вучиќ пред српските новинари во Кина.
Од: А1он Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше со рускиот претседател Владимир Путин. Средбата ја следеа бројни телевизиски екипи.
Од: А1он Додека во Пекинг се одржуваше голема воена парада каде што Кина презентираше ново оружје, американскиот претседател Доналд Трамп објави порака на својата социјална мрежа „Вистина“ во која ги „прозва“ кинескиот претседател Си Џинпинг, рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, кои беа заедно на парадата. „Големото прашање е дали кинескиот претседател Си ќе ја спомене огромната поддршка и „крв“ што Соединетите Американски Држави ѝ ја дадоа на Кина за да помогнат во обезбедувањето на СЛОБОДАТА од многу непријателски странски напаѓач.
Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS Трамп со порака до Си Џинпинг: „Големи поздрави за Путин и Ким“ Додека во Пекинг се одржуваше голема воена парада каде што Кина презентираше ново оружје, американскиот претседател Доналд Трамп објави порака на својата социјална мрежа преку која ги поздрави и ги обвини за заговор, кинескиот претседател Си Џинпинг, рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, кои беа заедно на парадата. „Големото прашање е дали претседателот Си од Кина ќе ја спомене огромната поддршка и „крв“ што Соединетите Американски Држави ѝ ја дадоа на Кина за да помогнат во обезбедувањето на СЛОБОДАТА од многу непријателски странски напаѓач.
Од: А1он Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе нареди интервенција на федералната полиција за борба против криминалот во Чикаго и Балтимор, и покрај силното противење од државните и локалните власти во тие градови. „Чикаго е многу интересен, бидејќи ги гледав како велат: „Не ни треба помош, безбедни сме“, но пред две недели, шест лица беа убиени, а 24 лица беа застрелани“, рече Трамп без да прецизира точен датум за испраќање на федералните сили, објави Политико.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ѝ наложи на федералната полиција да помогне во сузбивањето на криминалот во Чикаго и Балтимор, и покрај силното противење од државните и локалните власти во тие градови. „Чикаго е многу интересен бидејќи ги гледав како велат: „Не ни треба помош, безбедни сме“, но пред две недели, шест лица беа убиени, а 24 лица беа застрелани“, рече Трамп, без да прецизира точен датум за испраќање на федералните сили, објави Политико.
Поскапува дизелот, бензините со иста цена Од полноќ нови цени на горивата. Се зголемува цената на дизелот за половина денар, бензините остануваат со иста цена.
Од: А1он Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,36 % во однос на одлуката од 25.08.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,529%, кај дизелот за 1,366%, кај екстра лесното масло за 1,033% и кај мазутот зголемувањето е за 0,152%.
Либан и Сирија ќе формираат два комитета за да одлучат за судбината на речиси 2.000 сириски затвореници кои се наоѓаат во либанските затвори, да ги пронајдат либанските државјани кои со години се водат како исчезнати во Сирија и да го решат прашањето за заедничката необележана граница, изјавија денес либански судски и безбедносни претставници. Новата администрација на Сирија, под привремениот претседател Ахмад ал-Шара, сака да „сврти нова страница“ со Либан и да го отвори патот за посети на сириските министри за надворешни работи и правда, иако датумот сè уште не е одреден, изјавија за АП либански судски и двајца безбедносни претставници.
Сирија ја извезе првата пратка сурова нафта по 14 години Сирија денес извезе 600.000 барели сурова нафта од пристаништето Тартус, објави сириски службеник за енергија. Ова е првата извезена пратка сурова нафта за 14 години.
МВР информира дека во неделата во 17:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Партизански одреди“ во Скопје, на велосипедската патека, електричен тротинет управуван од малолетник удрил во Р.Т.(84), двајцата од Скопје.
Старец бил прегазен на велосипедска патека во Скопје, при што во него удрил електричен тротинет. Според пријавата во полиција, на 31 август, во 17:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, на велосипедската патека, електричен тротинет управуван од малолетник удрил во Р.Т.(84), двајцата од Скопје.
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 19-годишник со живеалиште во Гевгелија на 31 август бил затекнат од полициски службеници на улицата “Наум Евро” во Скопје, во близина на детска градинка, со 100 најлонски зипер ќесички наркотична дрога – марихуана со вкупна маса од околу 80 грама, наменети за неовластена продажба.
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 19-годишник со живеалиште во Гевгелија на 31 август бил затекнат од полициски службеници на улицата “Наум Евро” во Скопје, во близина на детска градинка, со 100 најлонски зипер ќесички наркотична дрога – марихуана со вкупна маса од околу 80 грама, наменети за неовластена продажба.
Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, тврди дека неговата програма предвидува ревитализација на Чаршијата со обновени фасади, калдрма и осветлување, отворање Културен центар и поддршка на занаетчиството и туризмот преку настани, субвенции и преку промоција на локалната гастрономија. Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, денеска го претстави својот проект „Чаир, Културен центар на Скопје“, чијашто цел е Чаир да стане културна престолнина на градот и симбол на мултикултурализмот, традицијата и на современото творештво, соопшти ДУИ.
Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, денеска го претстави својот проект „Чаир, Културен центар на Скопје“, чија цел е Чаир да стане културна престолнина на градот и симбол на мултикултурализмот, традицијата и современото творештво, се наведува во соопштението од ДУИ. „Ова не е трошок, туку најголемата инвестиција во иднината на Чаир и на целото Скопје,“ истакна Османи.
Фото: EPA/ESTELA SILVA ФОТО: Не го заборава својот пријател, Невеш посвети тетоважа на Жота Поминаа два месеци од трагичната сообраќајна несреќа во која животот го загуби Диого Жота, поранешниот напаѓач на Ливерпул, заедно со неговиот брат. Неговата смрт остави длабока трага кај многумина, но посебно кај неговиот близок пријател и соиграч од младинските категории, Рубен Невеш.
Рубен Невеш беше голем пријател со Диого Жота, кој неодамна го загуби животот со сообраќајна незгода заедно со неговиот брат, а сега фудбалерот на Ал-Хилал реши да му посвети тетоважа. Поминаа два месеци од смртта на поранешната ѕвезда на Ливерпул, а Невеш реши да му оддаде почит.
Пред извесно време излезе информацијата дека Стојанов веќе не е тренер на Брера, а денеска тоа и официјално е потврдено. „Тренерот Панче Стојанов си поднесе оставка од кормилото на АП Брера Струмица по четири првенствени кола.
фото: Brera Strumica Панче Стојанов веќе не е тренер на АП Брера Струмица Коминовски Фидан Пред 7 минути Тренерот Панче Стојанов си поднесе оставка од кормилото на фудбалскиот клуб АП Брера Струмица по четири првенствени кола. Оставката е лична и не се должи на постигнатите резултати на првиот тим на почетокот на оваа сезона.
Иако претходните две години беше шампион на Македонија, Пелистер не успеваше да ја отвори сезоната со триумф во Суперкупот бидејќи во 2023 загуби од Вардар, а лани од Алкалоид. Својата доминација во домашниот ракомет ќе се обиде да ја потврди денеска, повторно во Суперкупот каде за ривал ќе го има Вардар, а натпреварот ќе се игра во Кавадарци.
В среда (3 септември) во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра натпреварот од ракометниот Супер Куп 2025 помеѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Вардар 1961. На последниот тренинг пред заминувањето во Кавадарци, своите очекувања за претстојниот дуел ги сподели тренерот на Еурофарм Пелистер, Рубен Гарабаја: – Никогаш не сте целосно подготвени, бидејќи за време на сезоната постојано напредувате и учите.
Актерката Зои Кравиц во ново интервју откри дека неколкупати ненамерно „дрогирала“ луѓе со халуциногени, додека нејзиниот колега Остин Батлер сподели сопствена бизарна случка од концерт. Двете холивудски ѕвезди, кои заедно глумат во филмот „Фатен во кражба“ (Caught Stealing), во разговор за списанието „Венити фер“ открија шокантни, но и комични анегдоти од приватниот живот.
Иако поминаа децении од емитувањето, серијата „Пријатели“ сè уште има култен статус и армија обожаватели, а доби нова популарност со нејзиното пристигнување на стриминг услугите. Познатата актерка Зои Кравиц рече дека омилената ситком серија на фановите од минатото е нешто што би сакала да го задржи во минатото, пренесува „Дејли мејл“.