Денешната изјава на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски дека дивоградбите во Чаир, за кои се тврди дека се повеќе од 150 би се уривале „доколку се опасни по живот“ е скандалозна – реагираат од опозициската партија СДСМ.
Повеќе оддели во рамки на МВР – организиран криминал, крим полиција, СВР Скопје во текот на вчерашниот ден влегле во повеќе општини во рамки на Град Скопје при што постапуваат по конкретни наредби дадени од јавен обвинител, а повразно со бесправна градба, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Македонија е далеку побезбедна од тоа што беше пред две години, за тоа говорат бројките, граѓаните и фактите, а опозицијата нормално е дека ќе си дава изјави такви какви што си дава и нормално дека ќе обвинува, затоа што тоа и работа, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Со секој ден ВМРО-ДПМНЕ влегува во нов судир со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска (нивен кандидат на последните локални избори) и наместо да го осуди нападот врз неа ја обвинува дека главниот град страда за вода.