Неприфатливо е билатералните спорови да се користат за блокирање на пристапните преговорите на земјите кандидати за членство во ЕУ, изјави еврокомесарот за одбрана Андриус Кубилиус во обраќањето на панелот „Обезбедување на демократиите преку зајакнување: Одбрана, отпорност и подготвеност“ на 107-от Рос-Рот семинар во Брисел, во одговор на прашање на македонскиот пратеникот Драган Ковачки. Novamakedonija
„Прво, наведовме оти очекуваме дека проширувањето треба да заврши до 2030 година, што мислам дека е реално, и второ, дека е целосно неприфатливо земји-членки да се обидуваат да ги решат своите, би ги нарекол, историски спорови со блокирање на пристапните преговори на земјите кандидати.
Нашиот предлог беше многу едноставен – тие спорови да се решаваат на поинаков начин, не со блокирање на преговорите. Faktor
Ковачки во прашањето до Кубилиус посочи дека земјава како членка на НАТО лично останува убедена дека интеграцијата во Европската Унија е вистинскиот пат и наша стратешка определба, но дека се соочува со пречки на патот кон членство во ЕУ, поставени од сојузничка држава, која е и членка на Унијата.
Според него, постои реален ризик ваквите застои во процесот на проширување да бидат искористени од трети страни за остварување на нивите интереси, кои се различни од интересите на НАТО и ЕУ. - Оваа загриженост произлегува од гласањето за отстранување на референците за македонскиот идентитет и јазик од Извештајот на Европскиот парламент, чекор што сериозно ја поткопа довербата што внимателно ја градевме со години. Sitel
Верувам дека довербата е основа на секое партнерство, сојуз и пријателство, рече Ковачки.
Тој нагласи дека со усвојувањето на амандманите за бришење на референците за македонскиот идентитет и јазик од Извештајот се нарушени принципите на еднаквост и меѓусебно почитување, со што се поткопува основата на соработката и довербата меѓу сојузниците. Kanal5
За да се врати довербата, потребно е меѓусебно почитување.
Ние како земја остануваме целосно посветени на полноправно членство во ЕУ, но исто така неопходни се и искрени напори од нашите партнери за да ја зајакнеме нашата доверба и да ги зачуваме принципите на еднаквост и почитување во кои сите веруваме – рече Ковачки. Novamakedonija