Истовремено, цврсто сме уверени дека Европската Унија за која веруваме дека е изградена врз правда, почит и инклузија, исто така ќе продолжи да дава свој придонес кон нашата заедничка европска иднина, истакна Муртезани.
Во однос на Планот за раст на Западниот Балкан, Муртезани нагласи дека тој е инструмент што треба да им помогне на земјите кандидати за членство да ја постигнат крајна цел - полноправно членство во Европската Унија, но исто така помага не само во борбата против евроскептицизмот, туку и им овозможува на граѓаните на овие држави да почувствуваат некои придобивки што претходно беа предвидени исклучиво за граѓаните на членките на Европската Унија. Kanal5
Проширувањето не смее да стане заложник на идентитетски политики, туку да се базира на Копенхашките критериуми.
Дијалогот, граѓанското општеството и младите не се само привилегија, туку тие се суштински столбови на демократска Европа во процесот на проширувањето, истакна денеска министерот за европски прашања Орхан Муртезани по неговото учеството на Форумот за проширувањето на ЕУ насловен „Градење инклузивна иднина во проширена ЕУ: Улогата на социјалниот дијалог, граѓанското општество и вклученоста на младите“ во Брисел. Kanal5