Без расправа во второ читање беа проследени и Предлог на закон за изменување на Законот за правата на воените инвалиди, на членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паднатите борци и Предлог на закон за изменување на Законот за правата на прогонуваните и затворaните лица за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност и на членовите на нивните семејства со по 65 гласа „за“, без воздржани и против.
Во второ читрање, исто така без расправа беа проследени и Предлог на закон за изменување на Законот за обележување, уредување и одржување на гробишта и гробови на борците погребани на територија на Република Македонија и во странство, како и на припадниците на странските армии од поранешните војни на територија на Република Македонија и Предлог на закон за изменување на Законот за правата на носителите на Партизанска споменица 1941, на лицата одликувани со Орден на народен херој и на борците од Шпанската националноослободителна и револуционерна војна од 1936 до 1939 година, со по 63 гласа „за“, без воздржани и против. Libertas
Целта е да се обезбеди појасна, пофункционална и поконзистентна правна рамка која одговора на реалните потреби на системот.
Измените се однесуваат на условите за именување на директор на Бирото за јавна безбедност. Libertas