Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите нагласи дека треба да има правосилна судска пресуда за да се почне постапка во законодавниот дом за одземање на мандатот на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска, која е обвинета за оддавање службена тајна и фалсификување на испитот за добивање безбедносен сертификат.
Двете обвиненија за издавање на службена тајна и за злоупотреби при полагање за државна тајна, Антикорупциската комисија ги смета за индивидуална одговорност на се уште активната претседателка на ДКСК Татјана Димитровска.
Одлуката за престанок на функцијата и разрешувањето на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) е во надлежност на Собранието на Република Македонија, согласно Законот за спречување на корупцијата.