Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска со забелешките дека Владата води надворешна политика, со која ја турка земјава кон „српски свет“ нагласи дека ние сме македонски свет и оти како Влада работат на ширење на интересите на нашата надворешна политика. Faktor
Поранешниот претседател Пендаровски најмногу билатерални средби имал со својот српски колега, ние сме македонски свет, гледаме да ги шириме интересите на нашата надворешна политика, а луѓето чие обележје беше единствено попуштање на секоја точка, по која бараше попуштање кој било сосед и која било членка, тоа е белегот на нивната надворешна политика, тие немаат легитимитет да го судат она што ние го правиме, штитејќи ги националните интереси на нашата држава и на луѓето кои живеат во неа.
На крајот граѓаните нека си го постават прашањето дали повеќе веруваат во актуелната надворешна политика на нашата Влада или мислам дека подобра била надворешната политкика предводена од владата на СДСМ и ДУИ, рече Муцунски денска во Скопје на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи, африканска соработка и марокански иселеници на Кралството Мароко, Насер Бурита. Kanal5