Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања денес по потпишувањето на меморандумот за разбирање со турската компанија „Казанџи Холдинг АС“, изјави дека Владата ќе биде на одмор од 5 до 15 август, додека по годишните одмори официјално ќе објави како владината коалиција ќе се претстави на претстојните локални избори.
„Во врска со владината коалиција и настапот на претстојните локални избори, разговорите се исклучително конструктивни, се движат во позитивна насока.