„Во врска со вашиот објавен текст, Ве информираме дека заменик-претседателите на Владата, во периодот кој вие го посочувате, учествувале на координативен состанок за владини политики, со посебен фокус на тековните општински проекти…“ Од Министерството уште посочија дека на Меџити и Фетаи, како заменици на премиерот, согласно важечките протоколи и регулативи за заштита на високи државни функционери, им следува 24-часовно обезбедување.
Вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџети и вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи биле на состанок во врска со владини политики, кога ги фативме нивните службени возила во 23 часот навечер паркирани на булевар кај ТЦ „Мавровка“.