До 18:00 часот денеска, регистрирани се вкупно 16 пожари на отворен простор низ Северна Македонија, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, седум се сè уште активни, четири се ставени под контрола, а пет се целосно изгаснати.
До 18:00 часот на територија на цела држава регистрирани се вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои седум се активни, четири се под контрола, а пет се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има на територија на општините Василево, Радовиш и Берово – село Нивичино, кај Готен планина и Малешевски Планини, каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација, во Општина Македонски Брод, кај селото Грешница, каде е зафатена мешана шума и ниска вегетација и меѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација). Активни пожари има и во општина Ресен, кај селата Шурленци и Езерани (трска и ниска вегетација), општина Желино – меѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума), општина Прилеп – село Штавица, со ширење кон селата Чумово, Волково и Прилепец (ниска вегетација и деградирана шума) и во општина Шуто Оризари, на улица „Брсјачка Буна“ (ниска вегетација). Под контрола се пожарите кај село Николиќ во општина Дојран, во општина Велес – меѓу селата Џидимирци, Крушје и Иванковци, општина Гостивар – село Симница и во општина Прилеп – меѓу селата Царевиќ и Смолани, место викано Радобилски Рид.