Во првичниот редослед, по Касами следуваше Илири Демири од Алијансата за Албанците (дел од Европскиот фронт). Но, откако беа разграничени општините меѓу коалициските партнери, Тетово му беше доделено на ДУИ, која одлучи да кандидира со својот потпретседател Бајрам Реџепи . Анкетата е спроведена на 9, 10 и 11 јули, со метод на случаен избор, а опфатени се 600 испитаници Резултатите се (во проценти) како што следува: Билал Касами – 43,7% Илири Демири – 24,6% Бајрам Реџепи – 3,9% Микиремe Руси – 2,2% Други – 1,5% Не знам/Нерешено – 7,5% Ниту еден – 15% Одбивам да одговорам – 2,3% Овие податоци укажуваат на значајно предност на Касами во оваа предизборна фаза, додека конкурентите сè уште настојуваат да го зајакнат своето влијание во клучниот град Тетово. Netpress