Се уште се трага по 16 годишното исчезнато девојче во реката Вардар информираа утринава од министертвото за внатрешни работи.
Вчера околу 16.30 часот во СВР Велес било пријавено дека К.П.(29) од Скопје, со привремен престој во с.Уланци, општина Градско и 16-годишно девојче од с.Уланци, додека се капеле во водите на реката Вардар во близина на село Уланци, малолетничката била одвлечена по течението на реката, информираат од МВР.