После 90 години се реконструира објектот на училиштето во село Радање.
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов, го означија почетокот на градежните активности на проектот „Реконструкција на ПОУ „Страшо Пинџур“ во село Радање“, каде што учат околу 70 ученици на македонски и турски јазик, од прво до петто одделение.