Ако ги видиме анализите на Државниот завод за статистика, во јуни имавме покачување кај Транспорт, за 2,9 проценти, кај земјоделски производи имаме многу проблеми бидејќи сме увозна држава, и кај берзанските производи како кафето,”. Дурмиши потенцираше дека базичната инфлација, која бележи пораст, може да се контролира преку механизми од страна на Народната банка и Министерството за финансии, но тоа ќе биде возможно доколку се избегнуваат дополнителни интервенции како ограничувањето на маржите.