На дневен ред на оваа седница беа додадени и предлозите на законите за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување и на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, кои се носат исто така по скратена постапка и се дадени на натамошно читање.
Со Предлогот на законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување се предвидува местото за поднесување на барањето за остварување на право на пензиско и инвалидско осигурување да биде местото на живеење на осигуреникот и се обезбедува соодветно усогласување на пензиите. Denesen
Пратеникот Бојан Стојаноски ја образложи потребата за носење на измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, по скратена постапка.
Овој закон е во директна корелација со планот за економска трансформација на земјата бидејќи ја уредува државната помош за инвестициите и во насока на директно намалување на невработеноста, но и на покачување на економскиот стандард. Denesen