„Димитровска, која претходно експлицитно одбиваше да си поднесе оставка, очигледно заминува во обид да се избегне отворена политичка конфронтација и срамно гласање по иницијативата на Левица.
Дека оваа оставка е договорена, а не доброволна, јасно говори молкот на ДПМНЕ и на владата предводена од Мицкоски, како и на СДС, кои во ниту еден момент не побараа одговорност и не упатија никаква критика за работата на ДКСК, дури ни откако против Димитровска се покренаа две обвиненија“, се наведува во реакцијата на Левица. Nezavisen
Оваа институција, наместо чувар на јавниот интерес, стана парализирана алатка на владејачките партии, неспособна и незаинтересирана да се справи со корупцијата.
Левица бара колективна оставка на целиот состав на ДКСК. A1on
Денешната оставка на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, не претставува чин на морална одговорност, туку е директна последица од засилениот јавен, медиумски и политички притисок, особено откако Левица поднесе иницијатива за нејзино разрешување во Собранието, реагира Левица. Nezavisen