Ние како Влада и Министерство за спорт вложивме над еден милон евра за помош во организацијата на овој спортски фестивал, но тоа е само во делот на тоа што беше побарано од нас од страна на организаторите.
Ние немаме апсолутно ништо со организацијата на ЕМОФ 2025, нити може да имаме затоа што не сме организатори. Gol
Министерството за спорт не е организатор на Европскиот младински олимписки фестивал ЕМОФ 2025, ораганизатори на овој спортски фестивал што се одржува деновиве во Македонија се Македонскиот олимписки комитет (МОК) и Град Скопје. Gol
Во последен момент МОК и Град Скопје побараа поддршка од нас и помош и ние тоа во целост го исполнивме, истакна Ристовски.
Од 20 до 26 јуни во Скопје и во Куманово се одржува ЕМОФ 2025 на кој настапуваат над 4000 млади спортисти од 49 европски земји. Netpress