Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска упати критики до неговиот претходник Бујар Османи, нагласувајќи дека има двојни политички стандарди, додека е на власт се однесува европски, а кога е во опозиција го користи прашањето за соживотот за да поттикне поделби.
Интересно е како некои личности, кога се на власт, се прогресивни Европејци, а штом ќе дојдат во опозиција, одеднаш стануваат апостоли на дестабилизација и поделби, напиша на Фејсбук министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.