И покрај трите освоени медали во таеквондо составот на Италија на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ), целата делегација се враќа со горчлив вкус од Скопје, поради, како што беше оценето, катастрофалната организација на натпреварувањето.
Претседателот на Италијанската таеквондо федерација, Анџело Чито, изрази сериозна загриженост и разочараност (види ), нарекувајќи ги условите во кои се одржа настанот „срамни и недозволиви за едно европско спортско натпреварување во 2025 година“. Sport1