Со Јадранка Клисарова и Јован Радески е коавторка на учебниците Македонски јазик со елементи на национална култура,за прво, второ и трето одделение, наменети за децата на нашите иселеници во странство (Република Србија). Исто така е коавторка на повеќе книги и прирачници: Нови аспекти на инспекторирањето во образованието, со д-р К. Петковски; Самоевалуацијата во училиштата, со д-р Лиз Томсон, д-р Дон Квист и група автори; Промоција на хумани вредности, со м-р Дарко Јорданов и група автори; Прирачник за наставата по немајчин јазик, д-р Алесандро Бенати и група автори; Концепција за изработка на учебник со методологија за вреднување на учебник, група автори; Збирка на добри практики за планирање и реализација на наставна содржина со примена на критичко размислување, решавање проблеми и кодирање. Fokus