Процесот на пристапување кон ЕУ мора да се темели на заслуги и реформи, со јасни критериуми, ова не е услуга што се дава произволно, туку е праведно признание за напорите и реформите.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска и утре, со партиска делегација составена од потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар Стефан Андоновски, како и преставници на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ предводени од претседателката Жаклина Пешевска и преставници на Унијата на млади сили ќе присуствуваат на дводневниот Конгрес на Eвропската Народна Партија (ЕПП) во Валенсија, Шпанија.
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска се обрати на конгресот на Европската народна партија (ЕПП) во шпанскиот град Валенсија, каде рече дека Владата „останува длабоко посветена на конзервативните вредности: вредностите на семејството, одговорноста, економската слобода и почитувањето на владеењето на правото.