ПОРАКА ОД МОСКВА И ПЕКИНГ ЗА ТРАМП Американски напад врз Иран ќе значи опасна ескалација Иако не ги спомена експлицитно САД, пораката на кинескиот претседател беше јасно упатена до Вашингтон, пишува Си-Ен-Ен. Портпаролот на Кремљ изјави дека вклучувањето на САД во војната на Блискиот Исток ќе значи страшна спирала на ескалација. фото: Принтскрин Кинескиот претседател Си Џинпинг повика на деескалација на конфликтот меѓу Иран и Израел, а со тоа, во разговор со рускиот претседател Владимир Путин, испрати речиси отворена порака до американскиот претседател Доналд Трамп, кој моментално размислува за вклучување на САД во војната, објави Си-Ен-Ен. Според кинеското Министерство за надворешни работи, Си рекол дека „меѓународната заедница, особено големите сили кои имаат посебно влијание врз страните во конфликтот, треба да работат на смирување на ситуацијата, а не обратно“.
Си повика на напори за деескалација меѓу Иран и ИзраелКинескиот претседател Си Џинпинг повика на деескалација меѓу Иран и Израел, нагласувајќи дека е неопходен итен прекин на огнот.