Просперитетот, безбедноста и демократијата, заедно со конкурентноста и дигиталната и енергетската транзиција, ќе бидат основни приоритети на новата Европска комисија, изјави денеска претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен на прес-конференција во Стразбур на која официјално ги претстави новите еврокомесари и ресорите со кои ќе раководат. Telma
Просперитетот, безбедноста и демократијата, заедно со конкурентноста и дигиталната и енергетската транзиција, ќе бидат основни приоритети на новата Европска комисија, изјави денеска претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен на прес-конференција во Стразбур на која официјално ги претстави новите еврокомесари и ресорите со кои ќе раководат.
Според неа, целиот Колеџ на комесари ќе биде посветен на конкурентноста и зајакнување на технолошкиот суверенитет, безбедност и демократија и градење конкурентна, декарбонизирана и циркуларна економија со фер транзиција за сите, како и дизајнирање храбра индустриска стратегија со иновации и инвестиции, зајакнување на европската кохезија и региони и поддршка на луѓето, вештините и нашиот социјален модел. Denesen
Тоа значи дека сите комесари мора да работат заедно.
Во овој дух, секој извршен потпретседател, исто така, ќе има портфолио на кое ќе се фокусира, за што ќе мора да работи со другите комесари, бидејќи она што влијае на безбедноста, влијае и на демократијата, она што влијае на економијата, влијае и на општеството, а она што влијае на климата и животната средина, исто така, влијае и на луѓето и бизнисот, додаде Фон дер Лајен. Libertas
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Стразбур на средба зад затворени врати со членовите на Конференција на претседатели на Европскиот парламент, што ја сочинуваат претседателката на ЕП, Роберта Мецола и првите луѓе на пратеничките групи, треба да го презентира предлог-составот на новиот Колеџ на комесари и распределбата на ресорите со кои тие ќе раководат. Biznisvesti
Во овој дух, секој извршен потпретседател, исто така, ќе има портфолио на кое ќе се фокусира, за што ќе мора да работи со другите комесари, бидејќи она што влијае на безбедноста, влијае и на демократијата, она што влијае на економијата, влијае и на општеството, а она што влијае на климата и животната средина, исто така, влијае и на луѓето и бизнисот, додаде Фон дер Лајен.
Таа потенцира дека при составот на ЕК и распределбата на ресорите водела сметка за постигнување баланс и во однос на половата и географската застапеност, па така во Комисијата ќе има 11 жени, што е околу 40 отсто. Kanal5
Според Фон дер Лајен, клучна порака што доаѓа од ваквиот состав на ЕК е дека без разлика од каде доаѓаат и без оглед на нивната позиција, сите членови на Колеџот на комесари мора да работат заедно.
Ќе имаме отворени дебати, сите ќе бидеме независни во мислата и делувањето и сите ќе ја преземеме обврската за спроведување на договореното – истакна Фон дер Лајен. Plusinfo
Ја примив и ја прифатив оставката на Тиери Бретон и му благодарам за неговата работа за време на неговиот мандат како комесар.
Извршната потпретседателка Вестагер ќе го преземе ресорот на внатрешниот пазар и сите релевантни надлежности до крајот на мандатот (на ЕК), наведе Фон дер Лајен во објавата. Telma