Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас изјави дека желбата на Брисел да соработува со Вашингтон се заснова на принципите за кои САД отсекогаш се залагале, а тоа се слободата и независноста, односно основните принципи на меѓународното право. Sitel
Значи, прашањето е каде понатаму?
Нашата волја и желба е да работиме заедно со нашите трансатлантски партнери на принципите за кои САД отсекогаш се залагале, рече Калас. Kanal5
Таа минатата недела во Обединетите нации рече дека САД се усогласени со „новите пријатели“ – Русија, Белорусија, Судан, Северна Кореја – во ОН бидејќи тие земји гласаа против резолуцијата за Украина поддржана од ЕУ, која бара повлекување на руските трупи.
На 24 февруари, САД гласаа против резолуцијата за Украина на Генералното собрание на ОН, отфрлајќи ја формулацијата која ја обвинува Русија за инвазијата на Украина и повикува на прекин на војната. Libertas