По драматично прекинатата средба на претседателите на САД и на Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски во Белата куќа, уследи поддршка за шефот на украинската држава од европските лидери. Civilmedia
По драматично прекинатата средба на претседателите на САД и на Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски во Белата куќа уследи поддршка за шефот на украинската држава од европските лидери.
Реагираа премиерите на Полска и на Шпанија, Доналд Туск и Педро Санчез, истакнувајќи оти Украина не е сама. Plusinfo
Додека британскиот премиер Кир Стармер соопшти дека синоќа телефонски разговарал и со Трамп и Зеленски.
Стармер наведе дека со нетрпение очекува „да им посака добредојде на странските лидери, вклучително и Зеленски“ на денешниот состанок посветен на Украина во Даунинг стрит 10. – Тој (Стармер) ја потврди својата непоколеблива поддршка за Украина и ќе ја одигра својата улога во отворањето на патот за траен мир заснован на суверенитетот и безбедноста на Украина, изјави портпаролот на британската Влада. A1on
И шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок посочи дека Германија и Европа се непоколебливо солидарни со Украина.
Додека премиерката на Италија, Џорџа Мелони повика на „итен самит“ помеѓу Европа и САД и апелираше на обединетост на трансатлантските сојузници. Plusinfo