Како што јави дописникот на МИА од Брисел, се проценува дека постигнатиот договор ќе ја подобри безбедноста на патиштата во Европа, каде годишно животите ги губат речиси 20.000 лица.
Според главниот преговарач во име на Советот на ЕУ, полскиот министер за инфраструктура Дариуш Климчак, овие измени на правилата за возачки дозволи се одличен пример за тоа колку дигитализацијата е широко распространета во животите на Европејците. Faktor
Претставници на Советот на ЕУ и на Европскиот парламент рано изутринава постигнаа договор за ажурирање на Директивата за возачки дозволи, со што, меѓу другото, се воведуваат „мобилни дозволи“, нови минималните барања поврзани со способноста на возачите, пробен период за новите возачи и возење со придружба за професионалните возачи почетници. Netpress
„Воведуваме единствени стандарди низ Европа и им олеснуваме на младите да станат возачи.
Згора на тоа, ги зајакнуваме нашите волонтерски служби за цивилна заштита и се справуваме со недостигот на квалификувани работници во транспортниот сектор. Biznisvesti
Конечно, осигуруваме дека ничие право да вози не е ограничено поради долгиот период на обработка – порача Паулус, која доаѓа од редовите на Зелените.
Со измените се предвидува воспоставување единствена мобилна возачка дозвола на ниво на ЕУ до крајот на 2030 година, која ќе функционира паралелно со класичните физички дозволи. Novamakedonija
Се воспоставува и пробен период за возачите почетници од најмалку две години, во кој за нив ќе важат построги правила и санкции за возење под дејство на алкохол или дрога.
За справување со проблемот со недостиг на професионални возачи се намалува старосната граница за стекнување дозвола за управување на камиони од 21 на 18 години, а на автобуси од 24 на 21 година, со тоа што лицето мора да има „сертификат за професионална компетентност“. Faktor