Европската комисија планира да ги отстрани Обединетите Арапски Емирати од листата на ЕУ на земји со висок ризик за перење пари и финансирање на тероризам, посочуваат извори во ЕК. Најавата следува откако во април годинава ЕУ и ОАЕ се согласија да почнат разговори за договор за слободна трговија. Republika
ЕК преложи отстранување на ОАЕ од листата уште минатата година, откако претходно лани во февруари и меѓународната организација за борба против перењето пари, Работна група за финансиска акција (ФАТФ) ја отстрани земјата од сопствената листа на ризични држави, но Европскиот парламент тогаш ја одби ваквата иницијатива.
Според изворите во ЕК, сега се проценува дека судството и органите за спроведување на законот на ОАЕ постигнале напредокот во соработката со ЕУ, како и дека внимателно ја следи состојбата. Denesen