На 2 март, како одговор на критиките дека премногу се доближил до рускиот претседател Владимир Путин, Трамп на својата платформа на социјалните мрежи објави дека Американците треба да „трошат помалку време грижејќи се за Путин“ и да бидат повеќе загрижени за „мигрантските банди кои силуваат, нарко босовите, убијците и луѓето од менталните институции кои влегуваат во нашата земја - за да не завршиме како Европа!“ Зеленски, од своја страна, го окарактеризира како „убиец“ кому не може да му се верува дека ќе одржи прекин на огнот без цврсти безбедносни гаранции од Соединетите Држави, кои Вашингтон допрва треба да ги обезбеди. Slobodnaevropa