1 (106) ■ вести > македонија > политика ■ 03-Mar 07:18 -> 04-Mar 19:15
.
.
.
.

(ВИДЕО) Орбан: Зачленувањето на Македонија оди бавно, за тоа не е одговорна земјата, туку Европската Унија

  • Средба на Мицкоски и Орбан во Будимпешта, продолжува владиниот самит

  • Муцунски: Унгарија е меѓу 10-те најголеми наши трговски партнери и странски инвеститори

  • Сијарто: Унгарија и Северна Македонија го поддржуваат мирот во Украина што може да се постигне само со американско-руски договор

Северна Македонија може да смета на поддршката од Унгарија на нејзиниот евроинтегративен пат.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Будимпешта во рамки на унгарско-македонскиот владин самит ќе оствари средба со неговиот домаќин унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Унапредување на билатералните односи, трговската соработка, како и перспективите и предизвиците во процесот на нашата европска интеграција беа во фокусот на разговорите на средбата на министрите за надворешни работи на Македонија и на Унгарија Тимчо Муцунски и Петер Сијарто со која беше означен почетокот на владиниот самит на двете држави во Будимпешта, јави известувачот на МИА.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски уште еднаш ја потенцира поддршката што Унгарија и ја дава на нашата земја за зачленување на ЕУ, но исто така нагласи и дека двете земји се за мир во Украина што го покажале со поддршката на Резолуцијата на САД во ОН. - Ние и Република Северна Македонија сме на страната на мирот.

2 (84) ■ вести > свет > нато ■ 03-Mar 07:42 -> 04-Mar 23:05
.
.
.
.

САД продолжуваат да споделуваат разузнавачки информации со Украина

  • Зеленски: Ќе поднесам оставка под услов Украина да влезе во НАТО

  • Њујорк Тајмс: Трамп не ја гледа Украина како сојузник, туку исклучиво преку економски интерес

  • Зеленски е подготвен да го потпише договорот за минерали и безбедност со САД под силно водство на претседателот Трамп

Соединетите Американски Држави продолжуваат да споделуваат разузнавачки информации со Украина, и покрај фактот што од денеска повеќе не и даваат воена помош на земјата, изјави за Си-Ен-Ен извор запознаен со ситуацијата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да поднесе оставка доколку Украина за возврат стане членка на НАТО, а тоа го спомена откако сојузници на американскиот претседател Доналд Трамп побараа негова оставка.

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп одлучи да ја запре воената помош за Украина, а според репортерката на Њујорк тајмс од Белата куќа, Меги Хаберман, Трамп тестира „колку далеку може да оди“ во повлекувањето на американската поддршка за Украина додека таа се бори против руската инвазија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е подготвен да го потпише договорот за минерали и безбедност со САД и да работи под „силното водство“ на претседателот Доналд Трамп.

3 (52) ■ вести > свет ■ 03-Mar 15:08 -> 04-Mar 23:04
.
.
.
.

Трамп: Објаснете му на „гувернерот“ Трудо дека САД ќе воведат дополнителни реципрочни царини за канадските царини

  • Трудо: Канада денеска ќе воведе соодветни тарифи за американските производи

  • Трговска војна во Северна Америка: Трамп воведе царини, Канада и Мексико најавуваат одговор

  • Што ќе значат новите царини за економиите на САД, Канада и на Мексико

Американскиот претседател Доналд Трамп му порача денеска на канадскиот премиер Џастин Трудо дека САД ќе воведат дополнителни реципрочни царини кога Канада ќе воведе возвратни тарифи за американски стоки откако стапија во сила американските царини од 25 отсто за увоз на стоки од Канада во САД.

Канада ќе воведе соодветни тарифи за американските производи почнувајќи од денеска како одговор на тарифите објавени од американскиот претседател Доналд Трамп, изјави канадскиот премиер Џастин Трудо, цитиран од телевизијата Си-Би-Си. -Доколку стапат во сила царините на Соединетите држави, Канада ќе одговори од полноќ со воведување царини од 25 отсто на американски стоки во вредност од 155 милијарди долари, се вели во изјавата на канадскиот премиер.

САД денеска воведоа нови царини од 25 отсто на увозот од Канада и Мексико, како и двојно зголемување на царините за кинеска стока, што предизвика нов бран трговски тензии со трите најголеми американски трговски партнери.

Новите царини на американскиот претседател Доналд Трамп од 25 отсто за увоз од Мексико и Канада денеска стапија на сила, удвојувајќи ги тарифите за кинески стоки на 20 отсто, што предизвика нови трговски конфликти со трите главни трговски партнери на САД.

8 (33) ■ вести > македонија > политика ■ 03-Mar 10:17 -> 04-Mar 15:57
.
.
.
.

„Македонски концепт“ со осуда на изјавата на ДУИ дека ќе ги бојкотира локалните избори

  • Ахмети: Допрете го Законот за јазици и нема да има локални избори - нема да ви дадеме да поставите кутии

  • ВРЕДИ: ДУИ плаче за внимание!

  • ДУИ подготвува бојкот на локалните избори за да го избегне поразот, велат од ВЛЕН

Македонски Концепт најостро ја осудува скандалозната и антидемократска изјава на ДУИ дека „нема да дозволат“ одржување на локалните избори.

Според лидрот на ДУИ, одржувањето на локалните избори наесен е доведено во прашање и има можности за бојкот.

Неодговорните најави на ДУИ за бојкот на локалните избори им покажа уште еднаш дека се целосно изолирани.

За да го избегне поразот ДУИ планира да ги бојкотира изборите и да провоцира тензии на денот на гласањето, веалт од ВЛЕН.

9 (30) ■ вести > свет ■ 03-Mar 13:42 -> 04-Mar 16:56
.
.
.
.

Фон дер Лајен претстави план за вооружување на Европа, има пет точки

  • Фон дер Лајен утре ќе објави план за „ревооружување на Европа“

  • Фон дер Лајен најави Акциски план за поддршка на европската автомобилска индустрија

  • Еврокомисијата предлага фонд од 800 милијарди евра за инвестиции во одбраната

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека новите планови на ЕУ за зајакнување на европската одбранбена индустрија и зголемување на воените капацитети можат да мобилизираат речиси 800 милијарди евра.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен најави дека утре ќе објави план за повторно вооружување на Европа.

Сега е време за акција насочена кон голем број приоритети и за таа цел на 5 март ќе претставиме Акциски план за поддршка на автомобилскиот сектор во ЕУ, најави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по завршувањето на вториот состанок во рамки на Стратешкиот дијалог за иднината на европската автомобилска индустрија.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска предложи нов фонд кој би можел да мобилизира близу 800 милијарди евра (841,5 милијарди долари) за инвестиции во одбраната во Европската Унија.

12 (20) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 03-Mar 09:45 -> 04-Mar 16:34
.
.
.
.

Одложено судењето за сообраќајката во која загина Теодора Ристовска, обвинетиот бил во болница

  • Одложено е повторното судење за Теодора Ристовска, која го загуби животот во сообраќајна несреќа

  • Утре повторно судење за смртно прегазената Теодора во Тетово во 2022 година

Празно остана местото во тетовската судница на кое денеска требаше да седи 47 годишниот тетовчанец Менсур Пајазити кој пред две и пол години на пешачки ја усмрти 22 годишната сограѓанка Теодора Ристовска..

Во Тетово денеска повторно се одложи за 27 март судењето за Теодора Ристовска, која во 2022 година на 22 години го загуби животот во сообраќајна несреќа.

Во Тетово утре повторно ќе има судење за смртта на 23-годишната Теодора Ристовска, која животот го загуби во сообраќајна несреќа во 2022 година.

14 (19) ■ вести > македонија > регион ■ 04-Mar 09:25 -> 04-Mar 22:25
.
.
.
.

АХВ: Најдени колиморфни бактерии во минерална вода увезена од Косово

  • АХВ: Засилени контроли за увозното овошје и зеленчукот за заштита од пестициди

Заради обезбедување на поголема безбедност на храната и постигнување на високо ниво на заштита на здравјето на луѓето, во услови на интензивирање на трговијата со овошје и зеленчук, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го зголемува интензитетот на контроли на пратките со овој вид производи кои се увезуваат во земјава, од сите држави.

Заради обезбедување на поголема безбедност на храната и постигнување на високо ниво на заштита на здравјето на луѓето, во услови на интензивирање на трговијата со овошје и зеленчук, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го зголемува интензитетот на контроли на пратките со овој вид на производи кои се увезуваат во земјава, од сите држави.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

24 (10) ■ бизнис > македонија ■ 04-Mar 13:18 -> 04-Mar 20:36
.
.
.
.

БДП со стапка на раст од 3,2 проценти во четвртиот квартал лани

  • БДП ПОРАСНА ЗА 3,2 ОТСТО ВО ЧЕТВРТ КВАРТАЛ - еве кои сектори имаат најдобри резултати

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во државава во четвриот квартал лани е 3,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Во четвртиот квартал од 2024 година, поголем пораст е забележан во секторите Градежништво од 13,2 проценти и Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 10,6 проценти.

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во четвриот квартал лани достигна 3,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Како што соопштуваат од ДЗС, во четвртиот квартал од 2024 година, поголем пораст е забележан во секторите Градежништво од 13,2 проценти и Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 10,6 проценти.

30 (7) ■ бизнис > економија ■ 04-Mar 16:42 -> 04-Mar 17:16
.
.
.
.

11 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА КОМПАНИИТЕ Првата транша од унгарскиот заем ќе биде исплатена задутре

  • Димитриеска-Кочоска: Првата транша за компаниите од унгарскиот заем ќе биде исплатена задутре

Првата транша во износ од околу 11 милиони евра, од средствата наменети за поддршка на компаниите обезбедени со унгарскиот заем ќе биде исплатена задутре, односно ќе бидат префрлени средствата од централниот Буџет кон Развојната банка, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Првата транша во износ од околу 11 милиони евра, од средствата наменети за поддршка на компаниите обезбедени со унгарскиот заем ќе биде исплатена задутре, односно ќе бидат префрлени средствата од централниот Буџет кон Развојната банка, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

53 (5) ■ бизнис > економија ■ 04-Mar 15:11 -> 04-Mar 16:52
.
.
.
.

ЗМАИ: Субвенциите за зголемена плата да бидат таргетирани директно кон работниците, не кон компаниите

  • Виктор Митевски, директор на ЗМАИ: Со цел сите плати да растат, мора да зборуваме за поголема продуктивност

Доколку се размислува за предлогот за субвенционирање на платите, субвенциите треба да бидат таргетирани директно кон работниците, а не кон компаниите, оцени денеска Виктор Митевски, претседател на Здружението за истражувања и анализи ЗМАИ, во врска со актуелната дебата за минималната плата.

Доколку се размислува за предлогот за субвенционирање на платите, субвенциите треба да бидат таргетирани директно кон работниците, а не кон компаниите, оцени денеска Виктор Митевски, претседател на Здружението за истражувања и анализи ЗМАИ, во врска со актуелната дебата за минималната плата.

148 (4) ■ бизнис > претприемништво ■ 03-Mar 14:42 -> 04-Mar 16:34
.
.
.
.

ВО ШТИП ЌЕ СЕ ГРАДИ НАЈГОЛЕМАТА ФОТОВОЛТАИЧНАТА ЦЕНТРАЛА НА БАЛКАНОТ Соларниот парк на „Акуо енерџи“ ќе биде готов за 2 години

  • „Акуо“ го предводи одржливиот развој: Одржана работилница за зелена енергија во Штип

Најголемата фотоволтаична централа во земјава и на Балканот, инвестиција на француската компанија „Акуо енерџи“ (Akuo Energy), по четири години од најавата наскоро треба да го објави датумот на старт на изградбата на местото на пропаднатиот проект за Карго аеродром на територијата на општините Штип и Свети Николе.

ШТИП – „Акуо“, глобален лидер во обновливите извори на енергија и посветен поддржувач на одржливиот развој, ја потврди својата посветеност кон создавање позелена иднина преку одржување интерактивна работилница во партнерство со Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

163 (6) ■ сцена > култура ■ 03-Mar 07:02 -> 03-Mar 15:57
.
.
.
.

Осум романи ја продолжуваат трката за наградата Роман на годината

  • ▷ Осум романи ја продолжуваат трката за „Роман на годината“

Жири-комисијата за наградата Роман на годината за 2024 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав: Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), селектираше 8 романи што ја продолжуваат трката за наградата Роман на годината.

Како што соопштуваат од жири-комисијата, на годинашниот конкурс пристигнале 43 романи, во првата селекција одбрани се 20 наслови, а сега на списокот остануваат уште осум романи: Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2024 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав: Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), селектираше осум романи што ја продолжуваат трката за наградата „Роман на годината“.