Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер се придружи на серијата пораки од европските сојузници за поддршка на Украина по вчерашната скандалозна средба меѓу американскиот и украинскиот претседател во Вашингтон За шефот на државата, неколкуте минути разговор отворен за јавноста меѓу Володимир Зеленски, од една, и Доналд Трамп и Џеј Ди Венс, од другата страна, биле „неверојатни“.
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека неговата расправија со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа „го остави без здив“.