Шпанија го отфрли предлогот на НАТО за трошење 5% од БДП за одбранбени потреби, што ќе биде објавен следната недела, нарекувајќи го „неразумен“.Премиерот Педро Санчез, во писмо испратено до генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Шпанија „не може да се обврзе на специфична цел за трошење во однос на БДП“ на самитот на НАТО следната недела во Хаг.
Познато е дека секој договор за усвојување на ново упатство за трошење мора да биде постигнат со консензус од сите 32 земји-членки на НАТО.Значи, одлуката на Санчез ризикува да го наруши самитот следната недела, на кој се очекува да присуствува и американскиот претседател Доналд Трамп, и да создаде шок во последен момент што би можел да има трајни последици.