Целиот НАТО, вклучувајќи ги и САД, е „целосно посветен“ на тоа Украина да продолжи да се бори против руската инвазија, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во интервју за Ројтерс.
Зборувајќи на крајот од самитот на НАТО во Хаг, Руте, вчера, исто така, рече дека никој во НАТО не е наивен во врска со Русија и дека сите членки на Алијансата „повеќе или помалку имаат иста проценка“ за Москва. Kurir