1 (58) ■ вести > македонија > политика ■ 27-Jun 14:30 -> 29-Jun 20:45
.
.
.
.

Димитриевски денеска едногласно е избран за претседател на партијата Движење ЗНАМ за наша Македонија

  • Втор Конгрес на Движењето ЗНАМ - за Наша Македонија

  • Димитриевски реизбран за лидер на ЗНАМ: Ќе градиме нови лидери за нова Македонија

  • Максим Димитриевски реизбран за лидер на ЗНАМ

На вториот Конгрес на партијата Движење ЗНАМ за наша Македонија Максим Димитриевски денеска едногласно повторно ја доби довербата и е избран за претседател.

Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија денеска во Скопје ќе го одржи вториот Конгрес.

Со порака дека започнува нова, порешителна и посветена фаза во дејствувањето на партијата, претседателот на движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска го отвори Вториот конгрес на партијата, кој се одржа во Скопје, пред делегати, членови и коалициски партнери.

Максим Димитриевски денеска беше едногласно реизбран за претседател на партијата Движење ЗНАМ – За наша Македонија на вториот партиски конгрес.

2 (51) ■ вести > македонија > политика ■ 29-Jun 10:03 -> 29-Jun 19:34
.
.
.
.

СЕ ПОДОБРУВА СОСТОЈБАТА НА ПОВРЕДЕНИТЕ ОД „ПУЛС“: Рехабилитација на Пониква, тројца надвор од државава

  • Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата, втората група на Пониква заминува од средина на јули

  • Нови 300 слободни места за специјализанти, најави министерот Алиу

  • ОТВОРЕН Е „ОТВОРЕНИОТ КАБИНЕТ“ ЗА ДИРЕКТНИ СРЕДБИ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО Голем интерес за иницијативата на Алиу, првите 15 средби се веќе закажани - plusinfo.mk

Дел од пациентите побарале да останат подолгоВо рехабилитацискиот центар „Пониква“ во тек е закрепнување на првата група пациенти повредени во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани.

Тројца пациенти повредени во дискотеката во Кочани сè уште се надвор од државата, двајца се лекуваат во Турција и еден во Словенија, а втората група повредени на Пониква заминува од средина на јули, информираше денеска министерот за здравство, Азир Алиу, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата во Министерството за здравство.

Набрзо ќе бидат отворени нови 300 слободни места за кадри од редот на приватните специјализанти, најави денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата во Министерството за здравство.

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска ја претстави новата алатка „Отворен кабинет“, која, според него, претставува прв чекор кон изградба на здравствен систем што комуницира директно со граѓаните, работи со интегритет и се води од доверба.

5 (4) ■ вести ■ 27-Jun 21:42 -> 29-Jun 21:33
.
.
.
.

Спектакл над спектаклите: Шпанија загуби добиено финале, Белгија ја одбрани европската круна

  • Белгија со голем пресврт ја расплака Шпанија и го одбрани европскиот трон!

Репрезентацијата на Белгија останува европски шампион во кошарка за жени откако слично како пред две години, во финалето ја победи Шпанија, со 67-65. Мечот за титулата во арената „Мир и пријателство“ во Пиреја ќе остане запишано во историјата на европските првенства како еден од најлудите, но и најдраматични.

Женската кошаркарска репрезентација на Белгија со голем пресврт во финишот ја надигра селекцијата на Шпанија и го освои златниот медал на Европското првенство, триумфирајќи во финалето со конечни 67-65. Белгија имаше негатива од десет поени во последните шест минути, но успеа да се врати во игра и на крајот заслужено се радува на континенталниот трофеј, иако патот дотаму беше исклучително тежок.

7 (32) ■ вести > македонија > политика > образование ■ 27-Jun 08:15 -> 29-Jun 19:58
.
.
.
.

Отчет на министерката Јаневска: Образованието и науката го добиваат потребното внимание и стануваат клучни развојни ресуси на државата

  • За една година ВМРО-ДПМНЕ и Јаневска направија хаос во образованието

  • Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

  • Јаневска: Учебници на 1 септември, повисоки плати, 7 нови училишта и обнова на студентските домови

Во изминатата една година остваривме голем дел од програмските определби и цели со што поставивме темели за изградба на квалитетен и конкурентен национален образовен систем кој ќе овозможи еднаквост, ефикасност, потребно знаење и вештини, синхронизираност со пазарот на трудот и генерално задоволство кај сите чинители на воспитно – образовниот процес.

Претседателот на Комисијата за образование и наука на СДСМ, Јованче Манасков, на денешната прес конференција рече дека по само една година владеење на ДПМНЕ и нивната министерка Весна Јаневска образованието е на работ на целосен колапс.

Обезбедување учебници на први септември, покачување на платите на наставниците и професорите, се градат седум нови училишни објекти, 20 објекти се реконструирани, се градат и четири нови спортски сали, а темелно се обновуваат и два студентски дома во Скопје.

Во првата година од мандатот на министерката за образование и наука, Весна Јаневска, се испорачани значајни резултати – учебници на 1 септември, зголемени плати за наставниците и универзитетските професори, изградба на нови училишта и сали, како и темелна обнова на студентски домови.

11 (53) ■ вести > свет ■ 27-Jun 05:00 -> 29-Jun 21:15
.
.
.
.

Трамп: Лудо е ова што му го прават на Биби! Тој е воен херој, нема да го толерираме тоа

  • Трамп: Примирје е можно во Газа во рок од една недела

  • Шпанскиот премиер: ЕУ има двојни стандарди кон Израел

  • Израел ја прекина испораката на хуманитарна помош на север од Газа откако се појави видео од маскирани мажи во камиони со помош

Американскиот претседател Доналд Трамп остро ги критикуваше обвинителите во Израел во емисијата „Truth Social“ во врска со судењето за корупција на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, велејќи дека Вашингтон, „кој му дал на Израел милијарди долари помош“ нема да го толерира тоа.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека верува дека примирје во Газа меѓу Израел и Хамас може да се постигне во рок од една недела.

Шпанскиот премиер Педро Санчез ја обвини Европската Унија за двојни стандарди поради тоа што не презема конкретни мерки кон Израел, и покрај наодите од извештајот на ЕУ што укажуваат на можни кршења на човековите права во Газа, пишува dw.com.

Израел го суспендираше протокот на хуманитарна помош на север од Појасот Газа, но сè уште дозволува влез од југот, изјавија вчера две официјални лица.

13 (145) ■ вести > свет > украина ■ 27-Jun 00:51 -> 29-Jun 21:15
.
.
.
.

Гроси: Иран би можел по неколку месеци да продолжи со збогатување ураниум

  • Аракчи: Трамп мора да престане со непочитување кон Хамнеи доколку искрено сака нуклеарен договор со Иран

  • Путин отворен за средба со Трамп, го фали како храбар и посветен на мирот

  • Трамп: Ќе се случи нешто во Украина, работите ќе се средат

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, денеска изјави дека Иран има капацитет да го продолжи производството на збогатен ураниум во рок од неколку месеци.

Шефот на иранската дипломатија, Абас Аракчи, му порача на американскиот претседател Доналд Трамп дека доколку е искрен во својата намера да постигне нуклеарен договор со Иран, мора да престане со својот „непочитувачки и неприфатлив тон“ кон врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп е сосема можна и дека руската страна ќе се подготви за неа.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека верува оти „нешто ќе се случи“ во војната меѓу Русија и Украина, по што ситуацијата ќе се „среди“.Изјавата ја даде во контекст на неодамнешниот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, без да открие детали.-Работиме на тоа.

14 (22) ■ вести > македонија > политика ■ 29-Jun 08:07 -> 29-Jun 16:15
.
.
.
.

Единствено што знаат СДСМ да прават кога станува збор за изградба на патишта, е играње чочеци на готови наследени проекти

  • Талески: СДСМ заврши над 90% од патот низ Фаришката клисура, ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе се кити со туѓи перја

  • „Инфраструктурните проекти се ЗА ГРАЃАНИТЕ, не се на ниту една влада, ниту на една партија“

Реакција на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на функционерот на СДСММ, Миле Талески: „Кога СДСМ ќе излезе пред камера и ќе збори за изградба и пуштање во употреба на патишта, прва асоцијација што на народот му текнува е зурли, тапани, чочек.

Интегрален текст од изјава за медиуми на Миле Талески, пратеник на СДСМ: Со особено задоволство го одбележуваме завршувањето на патот низ Фаришката клисура, делницата на експресниот пат од Дреново до Градско.

"Кога СДС ќе излезе пред камера и ќе збори за изградба и пуштање во употреба на патишта, прва асоцијација што на народот му текнува е зурли, тапани, чочек“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

15 (22) ■ вести > македонија > хроника ■ 29-Jun 09:40 -> 29-Jun 17:00
.
.
.
.

(Фото) Спасувачка акција во Охридското Езеро: полицијата трагаше по четири лица на кои им се искршила едрилицата

  • Охридската полиција спаси четири лица заглавени во езерото откако силниот ветер им скрши дел од едрилицата

  • Полициските службеници спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата

Четири лица се спасени од Охридското Езеро откако нивната едрилица претрпела оштетување и станала неконтролирана поради силен ветер и бранови.

Четири лица беа спасени синоќа од водите на Охридското Езеро откако нивната едрилица останала без управување поради механичко оштетување.

Полициските службеници спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата 13:38, јуни 29, 2025 На 28.06.2025 во 19.30 часот, во Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека лица од пловен објект кој бил во водите на Охридското езеро, на околу 2.5 километри од езерскиот брег наспроти авто кампот „Извиднички“, бараат помош, соопшти МВР.

Повеќе од
оваа категорија

42 (46) ■ спорт > фудбал ■ 27-Jun 06:46 -> 29-Jun 19:19
.
.
.
.

Ѓоковиќ: Оваa ми е најдобра шанса да освојам грен слем оваа година

  • Ѓоковиќ против Милер на стартот на Вимблдон, Алкараз против Фоњини

  • Синер отпушти двајца од тимот бидејќи „премногу зборувале“

  • Светскиот рекет број еден ги отпуштил тренерите заради интервју!

Следната недела почнува грен – слем турнирот Вимблдон.

Рекордерот според освоени грен слем титули, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, ќе игра во првото коло на Вимблдон против Французинот Александар Милер (АТП-40), одлучи денешната жрепка во Лондон.Доколку Ѓоковиќ ја мине првата пречка, во второто коло ќе игра против победникот од британската пресметка меѓу Џеј Кларк и Ден Еванс.

Италијанскиот тенисер Јаник Синер направи неочекуван потег пред почетокот на Вимблдон, со одлуката да отпушти двајца клучни членови на својот тим.

Италијанскиот тенисер Јаник Синер ги изненади тениските кругови кога во својот стручeн штаб ги донесе Улесес Бадио и Марко Паники – двајца блиски поранешни соработници на Новак Ѓоковиќ.

Повеќе од
оваа категорија

432 (5) ■ бизнис > економија ■ 27-Jun 09:52 -> 27-Jun 15:43
.
.
.
.

Нови 1.300 вработувања: 4 МУЛТИНАЦИОНАЛНИ КОМПАНИИ ОДЛУЧИЛЕ ДА ИНВЕСТИРААТ ВО МАКЕДОНИЈА

  • Димовски: Четири мултинационални компании имаат донесено интерна одлука за инвестирање во државава

Четири мултинационални компании донеле интерна одлука за инвестирање во земјава со што очекувањата се дека вкупната инвестиција ќе биде над 150 милиони евра и ќе се отворат нови 1.300 работни места, соопшти денеска директорот на Дирекцијата на технолошко-развојните зони Гоце Димовски.

Четири мултинационални компании имаат донесено интерна одлука за инвестирање во земјава со што очекувањата се дека вкупната инвестиција ќе биде над 150 милиони евра и ќе се отворат нови 1.300 работни места, соопшти денеска директорот на Дирекцијата на технолошко-развојните зони Гоце Димовски.

100 (39) ■ сцена > занимливости > регион ■ 27-Jun 05:02 -> 29-Jun 15:00
.
.
.
.

Кралицата на Јордан како олицетворение на елеганцијата: Ранија блеска на свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез

  • Дали Кајли Џенер го прекрши дрес-кодот на свадбата на Безос? Сите зборуваат за нејзиниот фустан

  • Радев: Одбраната на националните интереси од страна на владата не е на потребното ниво

  • Дали Кајли Џенер го прекрши дрес кодот на свадбата на Безос? Нејзината облека ги натера сите да зборуваат

Кралицата Ранија Ал Абдула од Јордан привлече внимание на свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција благодарение на нејзиниот беспрекорен стил.

Американската ријалити ѕвезда Кајли Џенер привлече внимание со фустанот што го носеше на свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција.

Иако тридневната прослава беше планирана да биде гламурозна и беспрекорна, првата предсвадбена забава заврши во хаос откако ненадејна и силна бура ги изненади славните гости, објави ТМЗ.

НасловнаЗабаваДали Кајли Џенер го прекрши дрес кодот на свадбата на Безос?

113 (29) ■ сцена > занимливости ■ 27-Jun 10:00 -> 29-Jun 21:45
.
.
.
.

Тој блеска од среќа во бракот, а неговата невеста не може ни да се насмее од пластичните операции: По венчавката решила да стане пристојна дама!

  • Ласерско шоу со пораки против Безос за време на венчавката во Венеција

  • „Дивникот“ на Безос се појави во Венеција и ги збуни присутните: Својата сличност со основачот на Амазон ја претвори во профитабилен бизнис

Лорен Санчез Безос од синоќа започнала нов живот Лорен Санчез и Џеф Безос синоќа си разменија завети во познатиот италијански град на вода, Венеција, а денес се прошетаа низ градот и отидоа на ручек.

Во Венеција беше претставено спектакуларно ласерско шоу, проектрано на зграда, во чест на свадбената церемонија на основачот на Амазон, Џеф Безос и поранешната новинарка Лорен Санчез.

Пред свадбата на Џеф Безос со Лорен Санчез, Џагдас Халичилар се појави во Венеција и збуни многумина поради неговата сличност со основачот на Амазон.Џагдаш Халиџилар беше само електричар до пред неколку години, но сè се промени кога пријателите и познаниците почнаа да му кажуваат дека личи на Џеф Безос.

307 (3) ■ сцена ■ 28-Jun 13:50 -> 29-Jun 06:50
.
.
.

(Фото) Жешки фотографии на Сања Маринковиќ: На 51 година го покажа стегнатото тело во бикини, нема ни грам целулит

  • Сања Маринковиќ со шокантно признание: „Актерка ми бараше 50 евра за гостување во емисијата!“

(Фото) Жешки фотографии на Сања Маринковиќ: На 51 година го покажа стегнатото тело во бикини, нема ни грам целулит од Еспресо08:50 - 29 јуни, 202508:24 - 29 јуни, 2025 Српската водителка Сања Маринковиќ (51) во моментот ужива во својот одмор во Црна Гора.

Сања Маринковиќ со шокантно признание: „Актерка ми бараше 50 евра за гостување во емисијата!“ од Еспресо15:50 - 28 јуни, 202512:26 - 28 јуни, 2025 Познатата телевизиска водителка Сања Маринковиќ, која долги години е лице на емисијата „Магазин Ин“, открива дека ѝ се случувало познати актерки да бараат пари за да се појават во нејзината емисија.

372 (7) ■ сцена > култура ■ 27-Jun 11:40 -> 28-Jun 10:52
.
.
.
.

Џез концерт на 30 јуни - Георги Шарески Трио во Сули ан

  • Почна седмото издание на филмската ревија „Златна рамка“ - Денови на македонскиот филм

Во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, вчера вечер се одржа свеченото отворање на седмото издание на филмската ревија „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, кое оваа година се одржува во знакот на 75 години постоење на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ). Настанот на едно место обедини филмски уметници, претставници на институции и љубители на македонскиот филм, а воедно претставуваше и можност за одбележување на творештвото и работа на генерации творци.

Во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, вчера вечер се одржа свеченото отворање на седмото издание на филмската ревија „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, кое оваа година се одржува во знакот на 75 години постоење на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ). Настанот на едно место обедини филмски уметници, претставници на институции и љубители на македонскиот филм, а воедно претставуваше и можност за одбележување на творештвото и работа на генерации творци.