Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
186
42.20
36.48
57.66/16.91
186.00
61.00
0.33
12534.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 186
291 ■ 0.99/0.01 ■ 19 ■ 684.8
Best clustering variants
291 0.99/0.01 19 684.8
Puls24

Тој истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп „се придружил на невиден начин“ и му се заблагодари за „неговата улога во одбраната на Израел и елиминирањето на иранската нуклеарна закана“.Тој нагласи дека американскиот напад врз Иран е „плод на дипломатска кампања што ја водеше со секретарот Рон Дермер“.„Израел никогаш немал пријател како претседателот Трамп во Белата куќа и му се заблагодарувам од дното на срцето за нашата заедничка работа“, рече Нетанјаху, неколку часа откако лутиот Трамп остро го критикуваше Израел за кршење на прекинот на огнот со Иран.

Нетанјаху тврди дека американските сили го уништиле подземниот објект за збогатување ураниум во Фордо.„Доколку некој, ако некој во Иран се обиде да ја оживее нуклеарната програма, ние ќе дејствуваме со истата решителност, со истата сила, за да го спречиме секој таков обид“, изјави тој. Puls24

18:45 h 25-Jun-2025
  • Американскиот претседател Доналд Трамп, по состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски, имаше обраќање во кое пред се и за заблагодари на Холандија за организирањето на самитот на НАТО и ја пофали американската војска.
  • ◉ ОБРАЌАЊЕ НА ТРАМП ПО САМИТОТ НА НАТО: Иранците беа љубезни, ни рекоа „ќе испукаме кон базата во Катар, дали 13 часот е во ред?“
09:30 h 23-Jun-2025
  • „Монументална штета е нанесена на сите нуклеарни објекти во Иран, што е потврдено со сателитски снимки“, напиша тој доцна во неделата навечер на Truth Social.„Тотално уништување е точниот термин!
  • Точка
08:15 h
  • Газа, Либан, Сирија, Јемен и сега Иран.
  • Како може Израел да држи толку отворени воени фронтови
07:36 h
  • Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека земјата е „многу блиску“ до остварување на својата мисија за елиминација на двете главни закани од Иран – балистичките проектили и нуклеарната програма.
  • Нетанјаху: Израел е на чекор до постигнување на своите цели во Иран
07:15 h
  • Добивај вести на Viber Режимите кои се во опасност од дестабилизација дома, обично посегнуваат по надворешни потези за да ја прикријат таа опасност.
  • Трамп со еден удар сака да реши два проблема
05:55 h
  • Израел е многу блиску до постигнување на својата цел за елиминирање на двојната закана од балистичките ракети и нуклеарната програма на Иран, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
  • Нетанјаху: Блиску сме до остварување на своите цели во Иран
Novamakedonija

Фото: Пиксабеј Едно многу веројатно сценарио за тоа како би се развивале состојбите поврзани со иранското воено жариште Зоран Метер Доколку работите на дипломатски и воен план се развиваат така што нема ирански напади врз американските сили во регионот, при што последователно на тоа со голема веројатност бидат запрени (под влијание на САД) и меѓусебните израелско-ирански напади, ќе следува: – Теократската влада во Техеран ќе остане на власт (една од клучните цели на Израел на тој начин би била неостварена). – Иран ќе мора целосно да се откаже од своите амбиции за развој на својата воена нуклеарна програма (со тоа би било исполнето клучното израелско барање, но тоа нема да има негативно влијание врз Техеран во однос на пропагандата, бидејќи со години јавно изјавува дека нема намера да произведува атомско оружје, а ајатолахот Али Хамнеи дури и јавно прогласи фатва за тоа, спротивставувајќи се на иранските тврдокорни струи што инсистираа на тоа како единствена гаранција за иранската безбедност во иднина). – Иран би го задржал правото да ја развива својата цивилна нуклеарна програма, што сите земји во светот имаат можност да го сторат според меѓународното право (нуклеарни централи за производство на електрична енергија, нуклеарни компоненти за медицински цели итн.). – Иран дефинитивно би станал уште посилно вклучен во политичко-безбедносните интеграции со Русија и Кина, со што би се гарантирал неговиот опстанок во замена за опстанокот на државата Израел (преку членство во БРИКС, Шангајската организација за соработка – ШОС, а веројатно наскоро и во руската верзија на ЕУ, Евроазиската економска унија (ЕАЕУ). – И се разбира дека Доналд Трамп би добил целосно задоволство! Novamakedonija