Но не помалку и врз конфликтот на Блискиот Исток.
Конечно, и врз глобалната економија во светлината на економската криза со која се соочуваат некои земји, пред се’ во Европа, но и пошироко. Faktor
Трамп има поддршка од мажи и независни кандидати Истражувањето на колеџот Емерсон покажа дека Трамп има силно водство пред Харис меѓу мажите и независните кандидати, додека Харис добро се снајде меѓу оние под 30 години.
На национално ниво, Харис и Трамп се во тесна трка за Белата куќа, а предвременото гласање е во тек. Mk
Еден ден пред претседателските избори во САД, трката за Белата куќа е во ќорсокак – и на национално ниво и во секоја американска држава поединечно, пишува Би-Би-Си, со оценка дека анкетите се толку блиску, што и републиканскиот и демократскиот кандидат, Доналд Трамп и Камала Харис, би можеле да победат со поен или два. Libertas
Според анкетата, Харис има благо водство во Невада, Северна Каролина и Висконсин, додека Трамп води во Аризона.
Двајцата се многу изедначени во Мичиген, Џорџија и Пенсилванија и водат „мртва трка“. Mk
Луѓето околу Трамп тврдат дека поранешниот претседател ќе освои шест од седумте клучни држави, пренесува Би-би-си, додавајќи дека тоа можеби е причината зошто Харис одржува митинзи таму каде што Трамп обично не победува.
Трамп во петокот одржа митинг во Вирџинија, држава каде што загуби со голема разлика во 2016 и 2020 година. 360stepeni