Добро е што имаше претходно средби, се покажа како визионерска инвестиција тоа што од ВМРО-ДПМНЕ на два наврати разговараа со Гренел – потенцијално, можеби идниот раководител на Стејт департментот, така што, може да очекуваме, бидејќи има такви најави и од страна на Европската Унија и некои главни држави, да се даде одредена поддршка, односно разбирање, за да се истражат модалитетите околу уставните измени, пред сѐ уставни измени со одложено стапување во сила, кои ги заговара ВМРО-ДПМНЕ – смета Марко Трошановски, директор на Институтот за демократија. Novamakedonija