1 (81) ■ вести > свет ■ 12-Nov 07:30 -> 13-Nov 22:59
.
.
.
.

Бајден и Трамп се сретнаа во Белата куќа за да разговараат за транзицијата на власта

  • Трамп го избра Илон Маск да раководи со владиниот оддел за ефикасност

  • Судијата го одложи продолжувањето на постапката против Трамп во Њујорк

  • Маск доби позиција во администрацијата на Трамп

Доналд Трамп не му ја укажа таа чест во 2020 кога беше поразен на изборите, но Бајден ја врати традицијата претседателот во заминување да го покани ново избраниот претседател за да разговараат за непречената транзиција на власта.

Трамп изјави дека Маск и Рамасвами ќе бидат надворешни соработници, кои ќе и даваат совети и насоки на Белата куќа и ќе соработуваат со Канцеларијата за управување и буџет за да поттикнат, како што вели, структурни реформи од големи размери кои треба да создадат претприемачки пристап на владата кој никогаш претходно не бил виден И покрај тоа што се нарекува министерство, не станува збор за владина агенција, пишува британски „Гардијан“.

Судија од американската сојузна држава Њујорк го одложи продолжението на судењето во кое новоизбраниот претседател Доналд Трамп беше осуден за исплаќање „црни“ пари на порно-актерка, покажуваат документите објавени во вторникот.

Извршниот директор на Тесла и Платформата X, Илон Маск, и поранешниот републикански претседателски кандидат Вивек Рамасвами ќе го предводат Одделот за владина ефикасност во администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

2 (65) ■ вести > македонија > политика ■ 12-Nov 07:31 -> 13-Nov 20:25
.
.
.
.

Филипче: Зошто граѓаните да плаќаат за каматите на кредитите што Владата ќе им ги одобри на компаниите?

  • Информацијата за именувањето на директорот на АНБ на дневен ред на Комисијата за надзор на работата на АНБ и на АР

  • (ВИДЕО) Филипче: Само за камати за унгарскиот кредит годишно ќе се платат 18 милиони евра

  • ВМРО-ДПМНЕ побара дополнување на дневниот ред со што ја прекина седницата на Комисијата за именувањето на директорот на АНБ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија изразува сериозна загриженост поради одлуката на Владата граѓаните да ги плаќаат каматите за кредитите кои ќе се пласираат на компаниите.

Во Собранието денеска е закажана седница на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање со единствена точка на дневен ред – Информација за незаконското именување на директор на Агенцијата за национална безбедност поднесена од пратеници од опозициската СДСМ.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање, посочи дека каматите за кредитот од Унгарија на годишно ниво ќе изнесуваат околу 18 милиони евра.

Не се одржа собраниската седница на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР), на која требаше да се расправа за именувањето на директорот на АНБ, Бојан Христовски, по предлог на опозициската СДСМ.

3 (41) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 13-Nov 11:03 -> 13-Nov 18:03
.
.
.
.

АДВОКАТОТ СТОЈКОВ ЗА 3 ГОДИНИ МУ ПОЗАЈМИЛ НА ПАЛЕВСКИ 20.000 ЕВРА Во полиција го прашале дали Палевски имал љубовница

  • Сведок: Манев и Кешишев имаа поданички однос со Палевски

  • Палевски: Знаев дека ќе ме наместат

  • Сопартиец на Палчо сведочеше: Во собата каде што спиеше Палчо видов пиштол, а Кешишов и Манев имаа поданички однос со него

Адвокатот Васко Стојков сведочеше денеска како го однел со кола во Белград Љупчо Палевски, првообвинет за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски.

На денешното рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски сведочеше членот на партијата Десна, Ѓорѓи Џолев, кој го донирал возилото „Рено кангу“ што го возеше обвинетиот Љупчо Палевски при грабнувањето.

Embedded video for Палевски: Знаев дека ќе ме наместат.

Сопственикот на „реното кангу“ кое беше користено во грабнувањето и убиството на Вања и Панче сведочеше пред судот.

4 (35) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 13-Nov 07:00 -> 13-Nov 13:28
.
.
.
.

Таткото Александар ми рече да му пишам порака на Илион Маск да ја најде Вања преку сателит, сведочеше братучетка на мајката Зорица

  • Во Кривичен продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

  • Тетката на Вања за чудното однесување на таткото: Сакал да ја најде преку Илон Маск

  • ВАЊА БИЛА БРУТАЛНО УБИЕНА, СО ВРЗАНИ РАЦЕ И НОЗЕ Што дознавме досега од судењата за свирепите убиства на Ѓорчевска и на Жежовски

На денешното судско рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски сведочеше прва братучетка на мајката на девојчето.

Со изведување на докази од страна на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

На денешното судење за двојното убиство на Вања и Панче, сведочеше Маја Спировска, прва братучетка на Зорица, мајката на Вања.

Судењето за грабнувањата и за свирепите убиства на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес што се случија лани во ноември, продолжува денеска во Кривичниот суд во Скопје, со сослушување на нови сведоци.

5 (31) ■ вести > македонија > политика ■ 13-Nov 09:50 -> 13-Nov 18:31
.
.
.
.

Радев: Ако Македонија навистина има желба за ЕУ мора да ја исполни Преговарачката рамка и Договорот за добрососедство

  • Средба Сиљановска Давкова – Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ

  • Радев повика да не одложуваме со Бугарите во Уставот

  • Радев: Тонот кој го користи Сиљановска-Давкова треба да го употребува и македонската влада

Бугарија очекува македонските институции што поскоро да го спроведат она што е предвидено во Преговарачката рамка и во Договорот за добрососедство, со цел државата да не губи историско време за членство во Европската Унија, изјави бугарскиот претседател Румен Радев по средбата со македонската колешка, Гордана Сиљановска-Давкова на маргините на Конференцијата за климатски промени – ЦОП 29 во Баку.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова оствари средба со бугарскиот претседател Румен Радев на маргините на Конференцијата за климатски промени – COP 29 во Баку, Азербејџан.

Бугарскиот претседател Румен Радев истакна дека тонот на дијалог воспоставен со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска, треба да го усвои и македонската влада.

„Тонот на конструктивен, прагматичен и отворен дијалог што го поставуваме со претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска, треба да го усвои и Владата на Република Северна Македонија.

6 (19) ■ вести > македонија ■ 13-Nov 12:49 -> 13-Nov 17:55
.
.
.
.

Ангелов: Оваа година надлежните институции нема да бидат изненадени од снегот

  • Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег, надлежните нема да бидат изненадени

Државата е подготвена за претстојната зимска сезона и врнежите од снег, а граѓаните да користат зимска опрема на своите возила и доколку немаат неопходна потреба да не патуваат при најави за обилни врнежи, истакна директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на прес-конференција по состанокот со претставници на координативното тело.

Државата е подготвена за претстојната зимска сезона и врнежите од снег, а граѓаните да користат зимска опрема на своите возила и доколку немаат неопходна потреба да не патуваат при најави за обилни врнежи, истакна директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на прес-конференција по состанокот со претставници на координативното тело.

8 (43) ■ вести > македонија > политика ■ 12-Nov 09:27 -> 13-Nov 09:12
.
.
.
.

Мицкоски објави системски мерки за намалување на загаденоста на воздухот

  • СДСМ: Мицкоски се фали со туѓи инвестиции

  • Мицкоски: Владата ги штити македонските државни интереси

  • Кузеска: Каде е милијардата на Мицкоски за борба против загадувањето?

Во контекст на емисиите на штетни гасови кои што се испуштаат во воздухот, Мицкоски посочи дека ваквиот начин на енергетска зависност од одредени горива одговара само за оние поединци кои дебело профитираа.

Неспособноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ под водство на Христијан Мицкоски продолжува да ги поткопува економските можности за граѓаните и да нанесува сериозна штета на економијата.

Во организација на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ Скопје, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Република Македонија, Христијан Мицкоски, одржа говор на настан по повод, 80 години од ослободувањето на Скопје.

Скопје неколку дена по ред е меѓу најзагадените градови во светот.

13 (15) ■ вести ■ 12-Nov 19:33 -> 13-Nov 14:05
.
.
.
.

Заедничко соопштение од Министерството за спорт и РФМ за случувањата во женската лига

  • Министерството за спорт им ги поништи решенијата за дејност спорт на ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје

Министерството за спорт и Ракометната федерација на Македонија ја користат оваа прилика да упатат порака до сите спортски чинители да бидат одговорни на спортските борилишта што значи почитување на спортските правила Во врска со последните случувања во ракометниот Куп на Македонија во женска конкуренција, по одигрувањето на Женската ракометна лига за сезоната 2024/2025 и појавата на неспортско однесување од страна на ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје на Куп натпреварот во групната фаза, Ракометната федерација на Македонија, по спроведена дисциплинска постапка, констатираше активности од страна на двете екипи кои се спротивни на начелото на фер-плеј, предизвикувајќи нарушување на спортскиот дух, спортскиот интегритет и витештво што е во целосна спротивност со Кодексот на ракометните клубови при РФМ и спротивно на Олимписката повелба.

Министерството за спорт и Ракометната федерација на Македонија испратија заедничко соопштение до јавноста, по скандалот во женскиот ракометен Куп на Македонија на натпревар на кој ракометарките на ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје сами си постигнуваа автоголови во насока на конструирање на конечниот резултат.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија