А ние треба да ги завршуваме последните подготовки за почеток на новата глобална трка кон целта, која би значела сеопшт (и наш) просперитет, благосостојба и мирен претстоен период, почнувајќи од 2025 година, во нова констелација на глобални односи, со наша државнополитичка платформа што ќе ги фати во полн капацитет промените отаде океанот, од САД, но и со суверенистичките движења низ Европа Само еден месец по победата на Доналд Трамп на американските претседателски избори, низ европскиот континент и поодделно низ Балканот, веќе кружат дилемите, а кај некои и стравувањата, каква позиционираност да се заземе наспроти второто претседателствување на Трамп. Novamakedonija