Денеска Украина ќе добие три милијарди евра од нашиот заем од Г7, кои ќе бидат исплатени од средствата од руските замрзнати активи, нагласи Калас.
Според неа, овие средства ќе претставуваат поддршка за економијата на Украина и ќе и овозможат на земјата дел од своите пари да намени за одбраната. Denesen
Европската Унија денеска и исплати три милијарди евра на Украина, како прва транша од уделот на ЕУ во заемот договорен во рамки на Г7. Според претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, овие средства ќе и дадат финансиска моќ на Украина да продолжи да се бори за својата слобода и да надвладее.
Речиси три години од руската агресивна војна, Украина може да продолжи да смета на своите пријатели и партнери, додаде Фон дер Лајен. Nezavisen
Токму последново, каков и да биде усвоениот начин на проширување, ќе има битно влијание и врз Македонија… Европската Унија ја очекуваат многу длабоки внатрешни предизвици.
Тие изгледа дека ќе бидат многу повеќе за време на вториот мандат отколку за време на првиот на Урсула фон дер Лајен, како претседателка на Европската комисија (европската влада). За потсетување, првиот мандат на претседателката на Европската комисија (ЕК) беше обележан со пандемијата на ковид-19 и избувнувањето војна на границите на Европската Унија. Novamakedonija