Воздухопловните сили на САД (USAF) донесоа историска одлука – Боинг е победник на престижната и долгоочекувана програма NGAD (Следна генерација воздушна доминација), а новиот ловец од шестата генерација ќе биде означен како F-47. Оваа одлука од Овалната соба на Белата куќа ја соопшти лично претседателот Доналд Трамп, наведувајќи дека УСАФ, по долгогодишно натпреварување и тестирање, го избрала кандидатот на Боинг како решение што „испорачува бројки досега невидени“ во речиси пет години тајни програми за развој и тестирање.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска планира да потпише извршна наредба со која се наложува затворање на американското Министерство за образование, изјави претставник на Белата куќа.
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата (19 март) за време на разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски предложи САД да ја преземат сопственоста на украинските електрани, додека тој се обидува да го премости јазот меѓу Москва и Киев и да обезбеди прекин на огнот во повеќе од тригодишната војна.
Договорот за ретки минерали со Киев ќе биде потпишан наскоро, а напорите на САД за постигнување мировен договор за ставање крај на војната во Украина одат „прилично добро“, рече американскиот претседател Доналд Трамп по неговите разговори оваа недела со украинскиот и рускиот лидер.