Кина се чини дека тивко ги повлече царините од 125 отсто на некои полупроводници произведени во Соединетите Држави, изјавија за Си-Ен-Ен три агенции за испорака од технолошкиот центар Шенжен.
Германија е особено зависна од Кина кога станува збор за ретки земјени метали, и во 2024 година увезла 3.400 тони, или 65,5 отсто од вредните суровини од таа земја, соопшти денеска германскиот завод за статистика Дестатис.
Јапонскиот производител на автомобили Нисан Мотор ќе инвестира уште 10 милијарди јуани (1,4 милијарди долари) во Кина за да го смени трендот на слаба продажба и да ја достигне тешката конкуренција, изјави денеска неговиот кинески шеф.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе биде „многу љубезен“ со Кина во евентуалните трговски преговори и дека американските давачки ќе бидат намалени доколку двете држави постигнат спогодба.