Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека Украина можеби ќе мора привремено да отстапи територија како дел од мировниот договор со Русија, објави во петокот британската телевизија BBC.
Украина можеби ќе мора да се откаже од делови од својата територија како услов за евентуален мировен договор со Русија, вели градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, во разговор за Би-би-си. Според него, станува збор за едно од можните сценарија за кое притиска американскиот претседател Доналд Трамп во неговиот предлог за постигнување мировно решение, а што вклучува територијални отстапки од Украина.