Со оглед на резервите што сите ги искажуваат, никој нема големи очекувања од претстојните директни мировни преговори меѓу Путин и Зеленски во Истанбул.
Сепак, она што влева мала надеж, тоа е дека барем ќе седнат на заедничка маса и, ако ништо друго, ќе дефинираат период на примирје, период во кој многу полесно ќе се дефинираат контурите на идниот траен мировен договор со кој ќе му се стави крај на конфликтот што е пораз за сите Очите на европската и светската јавност се вперени во Истанбул, каде што в четврток се очекува да биде остварена првата директна средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, како вовед во наоѓање трајно мирно решение со кое ќе ѝ се стави крај на тригодишната руско-украинска војна.