Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно предложи Свириденко да ја предводи украинската влада.
Зеленски истакна дека со Јулија Свириденко разговарал и за спроведување на договорите со европските и американските партнери, кои беа постигнати за време на неодамнешната Конференција за обнова на Украина одржана во Рим. Kanal5
Поранешната потпретседателка на украинската влада, Јулија Свириденко, денеска е избрана за нова премиерка на Украина.
За нејзиното именување гласале 262 од 450 членови на Врховната рада. Plusinfo
Претседателот на САД, Доналд Трамп, и украинскиот претседател, Володимир Зеленски, разговараат за голем договор што би вклучувал размена на воена технологија - САД би купиле украински беспилотни летала тестирани на бојното поле, додека Украина би се обврзала да купи поголеми количини американско оружје, рече Зеленски во ексклузивно интервју за The New York Post.
Како што објасни, договорот би овозможил меѓусебно зајакнување на воздухопловната технологија на двете земји, а Киев би го споделил со Вашингтон целото знаење за модерното војување стекнато за време на повеќе од три години од целосната инвазија на Русија во Украина. Kajgana
За нејзиното именување гласаa 262 од 450 членови на Врховната рада.
Таа доаѓа на местото на Денис Шмихал, кој ја извршуваше функцијата пет години, што е најдолг мандат во историјата на земјата. Kanal5
Шмихал (49) беше премиер со најдолг мандат во Украина.
Неговото преместување во Министерството за одбрана, што е деградирање на хартија, му дава на Зеленски искусен технократски економист на функцијата што го надгледува најголемиот дел од државниот паричен тек на Украина. Novamakedonija
Москва на тоа одговори дека нејасно е што бара Трамп и повтори дека со Русија не може да се разговара со ултиматуми.
Зеленски додаде дека го задолжил и Умеров, кој беше министер за одбрана до големата реконструкција на кабинетот во четвртокот, да работи на договори за оружје со сојузниците на Киев. Netpress
Зеленски нагласи за Њујорк пост дека таков договор би бил пресвртница за американската војска и националната безбедност, со оглед на предупредувањата на експертите дека американската технологија на дронови заостанува зад онаа на Русија и Кина и дека американските војници не се доволно обучени да ги користат или да се бранат од софистицирани непријателски уреди.
На американскиот народ му е потребна оваа технологија, мора да ја имате во вашиот арсенал – рече Зеленски, осврнувајќи се на најновите украински дронови кои успеаја да ја пробијат руската воздушна одбрана и да погодат цели до 1.300 километри на руска територија. Plusinfo
Во овој контекст, треба да се разгледа потенцијалниот „мегадоговор“ со Украина, како и новите потези на американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, кој издаде извршна наредба со која се наредува намалување на бирократските пречки за домашното производство на дронови.
Внатрешниот документ на Пентагон ја истакна потребата САД да го стигнат остатокот од светот во развојот на воена технологија за дронови. Kajgana
Големото преструктурирање на владиниот кабинет во Украина со изборот на првиот премиер од почетокот на војната со Русија е резултат на политички маневри со кои украинскиот претседател Володимир Зеленски се обидува да го одоброволи американскиот претседател Доналд Трамп за да стекне дополнителна поддршка од САД, како и да го подобри сопствениот рејтинг, кој е во пад, и да ја консолидира власта во Украина, пренесуваат светските медиуми. Novamakedonija