Големото преструктурирање на владиниот кабинет во Украина со изборот на првиот премиер од почетокот на војната со Русија е резултат на политички маневри со кои украинскиот претседател Володимир Зеленски се обидува да го одоброволи американскиот претседател Доналд Трамп за да стекне дополнителна поддршка од САД, како и да го подобри сопствениот рејтинг, кој е во пад, и да ја консолидира власта во Украина, пренесуваат светските медиуми. Novamakedonija
Во меѓувреме, претходникот на Свириденко во заминување, Денис Шмихал, веројатно ќе се префрли на функцијата министер за одбрана, знак за важноста што Киев сега ја придава на градењето на капацитетот на својата одбранбена индустрија, како најдобра шанса за одбрана од Русија.
Но тоа што Зеленски сè уште се потпира на мала група блиски сојузници за да го направи своето најголемо реструктурирање во војната, би можело да ги разочара Украинците, кои сакаат да видат поширок фонд на таленти на врвот на власта. Novamakedonija